Логирај се Отвори нов тикет

Вие не сте испратиле ниту една порака, а ние ве опоменуваме за спам?

Во последно време приметувме дека неколку корисници испраќаат спам пораки кон рандом мејлови, од кој 90% се непостоечки. Кога ќе пробаме да го исконтактираме сопственикот на хостингот за таа веб страна, често луѓето се чудат и велат дека не испраќале такви пораки. Бидејќи сеуште немаме "База на знаења", еве ќе го напишеме овој проблем на нашиот блог и тоа како да го решите.

 

Проблем

Проблемот настанува кога имате форма за пополнување како што е "Регистрација на нов корисник", каде што после пополнувањето на формата вие испраќате маил до внесената емаил адреса. За да ви демонстрираме со слики, инсталиравме нов Wordpress. Можете да ја видите инсталацијата на http://spam.gohost.mk/ , а линкот за регистрација на нов корисник е http://spam.gohost.mk/wp-login.php?action=register

 

 

 

И нормално ако стиснете "Register", сајтот ќе испрати некаков маил на емаил адресата напишана во полето. И сега замислете ако некој испрограмира ова да го прави автоматски...

 

 

Решение


Најлесно ,а воедно и најдобро решение е да поставите CAPTCHA. Сигурно сте приметиле на многу сајтови кога ќе треба да се регистрирате или да пополнувате некои други форми, ви се прикажува една слика на која пишува нешто, а вие треба да напишете што пишува. Многу тешко е да се направи робот кој ќе ги чита тие слики, затоа ако погодите што пишува, системот знае дека сте човек, а не робот.

 

 

 

Интересно при пишувањето на овој пост, Google има друг, многу полесен начин за ова. Погледнете го видеото. 

 

 

Многу битно е да користите добра CAPTCHA, ние ви ја препорачуваме на Google. (знаете...се што е од Google е најдобро :)).