Логирај се Отвори нов тикет

Кириличен домен

Од денес (26.1.2015) ќе можете да правите оналјн нарачки за кириличен домен на ист начин како што е и за .mk домените. Цените се исти како за .mk домените т.е 999 денари со се ддв за регистрација на домен, а 799 денари со се ддв за обнова на доменот од 1 година.

Немаше да има поента ако само во овозможивме регистрација на кириличен домен а вие да немавте како тој да го употребите затоа следнива услуги ги направивме компактибилни со кириличниот домен.

 

1. GoHost DNS

- Нашиот днс систем кој доаѓа бесплатно со секој домен е 100% компактибилен со кириличниот домен.

 

 

2. Cpanel хостинг

- Овој плагин за cpanel веб контролниот панел е сеуште во бета верзија, но за не повеќе од една недела ќе псотавиме стабилна верзија. Во овој плагин ќе ги имате следниве можности:

 

  1. Додавање и бришење на домени
  2. Додавање и бришење на поддомен
  3. Редирекција

 

 

 

 

 

 

 

Ќе ни остане само интеграција со Windows хостингот, но ова малку ќе потрае бидеќи ја чекаме стабилната верзија на WebsitePanel 2.1 која се надеваме дека ќе биде во првата половина од 2015 година.