Логирај се Отвори нов тикет

Интервју со Мирко Мукаетов коосновач на ГоХост.МК

Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет овласти осум компании да управуваат со триесетте илјади регистрирани .мк домени.

Една од тие осум е и „Гохост.мк“ (GoHost.mk), кој, освен регистрација на .мк домени, нуди и заеднички хостинг базиран на Линукс и на Виндоус, бизнис имејл-хостинг и ДНС-хостинг.

 

 

 

Почнувајќи од 1 април, сите постојни домени ќе треба да се пререгистрираат кај некои од овластените регистранти. Која е предноста?

Ова значи дека, наместо во МАРнет, корисниците ќе треба да се обратат кај некои од регистрарите за да регистрираат нов домен или да го продолжат веќе регистрираниот .мк домен. Предноста е што корисниците ќе можат едноставно да ги менуваат информациите за доменот, да им биде овозможено онлајн-плаќање и да имаат целосна веб-контрола на информациите и фактурите поврзани со домените. Освен тоа, повеќето регистрари се компании за хостинг и за веб-дизајн, па така на едно место корисниците можат да најдат комплетно веб-решение. Исто така, веќе нема монопол за регистрирање домени, така што ќе се зголемат услужноста и поддршката за компаниите да привлечат повеќе корисници.

 

Подготвени ли сте за овој чекор?

Ние изработивме наш софтвер за веб-менаџирање, не само на домените туку за сите наши продукти што ги нудиме. Ретко која светска хостинг-компанија се нафаќа да изработи софтвер за нивните услуги. И не само софтверот за менаџирање на продуктите туку ние изработивме и сопствен ДНС-хостинг, за кој, пак, ќе напоменам дека не познаваме светска компанија што изработува ваков тип софтвер, освен оние топ 20 светски гиганти, како што се „Амазон“, „Ракспејс“ и сл. Интересно е да се напомене дека нашиот софтвер не наиде на ниедна грешка од страна на тестирањата на МАРнет.

 

Сите корисници на домени добиваат бесплатен хостинг и ДНС-хостинг во веб-менаџмент. Што поточно значи тоа?

Сите корисници на домени, без разлика дали станува збор за .мк домен или генерички, добиваат микрохостинг и ДНС-хостинг. Веќе напоменавме дека сме единствена компанија со ДНС-хостинг услуга, која може да биде менаџирана преку веб. Оваа услуга е многу добра за оние што сакаат да менаџираат со ДНС, но доменот не им е хостиран на некој хостинг-панел. На пример, некои имаат виртуелни сервери, но не можат да го поентираат доменот, бидејќи им треба ДНС-хостинг или, пак, на пример, имаат закупено бизнис имејл-хостинг кај нас, но немаат ДНС-хостинг. Додека за веб-хостингот, точно е тоа дека сите корисници добиваат миркохостинг со CPanel-менаџмент. Сепак, овој хостинг е доволен само за лични сајтови или за мали бизниси, но според нашите процени овој хостинг моментално ги задоволува 30 отсто од нашите моментални корисници. Целата поента е со само една нарачка на домен, корисникот да биде видлив на Интернет и доколку му треба подобар хостинг-пакет, многу лесно може да го надгради.

 

Денес повеќето хостинг-компании препродаваат услуги од други хостинг-компании. Дали и вие препродавате некои услуги?

Единствено нешто што препродаваме е клауд-хостингот, услуга што ја нуди нашиот дата-центар. За сите други услуги ние сме самите сопственици, почнувајќи од сопственост на хардвер, софтвер, дедицирана линија и наши администратори за сите услуги. Поради ова не сме зависни од никој и затоа можеме да гарантираме за нашите услуги.

 

Што ново планирате да донесете на македонскиот пазар?

Ќе воведеме SSD VPS-хостинг по неверојатно ниски цени речиси како заеднички хостинг, неограничен заеднички хостинг само за линукс-пакетите, како и клауд-бекап за секој тип веб-сајт. Сепак, воведувањето вакви услуги бара многу анализа од аспект на хардверска поддршка, затоа не сме сигурни кога точно ќе ги воведеме овие услуги, но планираме да биде оваа година.

 

Линк од интервјуто: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3281486132&id=51&prilog=0&setIzdanie=23137