Логирај се Отвори нов тикет

Комплетно нова Windows хостинг платформа

На 9.11.2012 година на нашиот Facebook профил напишавме "Windows Server 2012 + IIS 8 + SQL 2012 наскоро за неколку денови". И токму тоа беше реализирано, но имавме една мана, немавме веб кориснички панел. Се што правевме на тој сервер, се требаше да биде направено рачно од нас. Едноставно, нашите клиенти немаа никаква можност да го менаџираат нивниот хостинг пакет. Постојат неколку веб котрол панели за Windows и според нашите тестирање еве што заклучивме.

 

  1. Plesk - Убедливо најдобар но премногу скап за наш пазар.
  2. HostingController - Многу багови и чудна бизнис логика. Сепак овој панел има многу можности, но уште при првото логирање ќе приметите баг.
  3. WebsitePanel - На времето DotNetPanel, а сега WebsitePenel, бесплатен софтвер, добри можности, но има една мана, а тоа е дека споро излагаат новитете и фиксови на багови.
  4. Cpanel за Windows - Немаме искуство со овој панел, но се откажавме уште од самиот старт бидејќи е прилично нов, моментално го нудат како бесплатен софтвер (повеќе за да им го истестираат) и работи само со ActiveDirectory.

 

Се одлучивме за третата варијанта и целиот овој кориснички панел ќе биде инсталиран на најновиот веб сервер на Microsoft, IIS 8.5. Ако се земе во предвид нашата хардверска архитектура, новиот Microsoft софтвер, WebsitePanel во комбинација со еден софтвер за безбедност на SQL/FTP/RM/ за блокада на BruteForce Attack, кој е изработен од наша страна, можеме да ви гарантираме дека во наредните неколку денови конечно ќе добиете современ Windows хостинг со супер брзина.

Инспирацијата за софтверот за безбедност ја добивме од http://rdpguard.com/mssql-server-protection.aspx , и како по обичај, не купуваме, туку сами си правиме :)

 

Технички карактеристики

  1. Windows 2012 R2 Standard
  2. IIS 8.5
  3. Microsoft DNS или Bind
  4. Microsoft FTP
  5. SQL 2012 Web
  6. WebsitePanel 2

 

И не заборавајте, како што ветивме, во првата половина на 2014, сите наши хостинг услуги ќе добијат CloudBackup. За ова веќе имаме напишано еден пост, можете да го видите на http://www.gohost.mk/blog/post/do-kade-e-moznosta-za-cloudbackup ,а воедно и да ги следите новостите околу оваа услуга.