Логирај се Отвори нов тикет

Нов редизајн и комплетно нов автоматизиран систем

После толку многу напорна работа, пред се во позадинскиот систем, со гордост ви го презентираме новиот автоматизиран систем и редизајн на ГоХост.мк.

Овозможивме многу услуги и информации за кои до пред извесно време моравте да не контактирате, а сега сето тоа ќе можете да го следите во вашата клиенска област. Ќе наброиме неколку опции во системот:

  1. Преглед на продукти и услуги.
  2. Преглед на фактури и можност за онлајн плаќање.
  3. Преглед на домени.
  4. Тикет поддршка
  5. Онлајн нарачка на сите наши продукти.

 

Бидејќи овој систем е комплетно изработен од наша страна, комотно ќе можеме да го обновуваме и да додаваме нови можности. Доколку имате било каква идеја, без разлика на комплексноста, ве молиме да не контактирате. Можни се појавите на некои мали грешки, но за сите нови грешки информирани се администраторите на системот, и истите би биле корегирани во рок од 24 саати.

Функционалноста околу домените, сеуште не е комплетно изработена, бидејќи се чека на имплементација на новиот систем на МарНет, кои што би го имплементирале во наредните недели.