Логирај сеОтвори нов тикет

Што е облак сервер

Потпирајќи се на водечките светски технологии за виртуелизација, а сето тоа поддржано од страна на највисокото ниво на дата центар, нудиме интелегентни решенија за решавање на вашите бизнис потреби. Вие веќе не треба да трошите пари на скап харвер кој еден ден ќе биде надвор од употреба, овозможувајќи ви да се концентрира на поитни прашања, наместо на одржувањето на вашата ИТ инфраструктура.

Облак сервер е виртуелен сервер кој работи на многу силна и моќна хардвер инфраструктура која се состои од мрежа на повеќе сервери. Облак серверите нудат навистина дедицирани и заштитени ресурси што не е случај кај виртуелните приватни сервери. Додека виртуелните приватни сервери нудат мал дел од дедицираната меморија, генерално не постои дедицирана распределба на процесорот, дискот, мрежата и слично. Баш поради ова, сите понуди за виртуелни приватни сервери нудат помали износи на средства и без опција за поголемо зголемување. Најголем проблем кај виртуелните сервери е тоа што тие се претоварени на една физичка машина, па еден сервер опслужува премногу виртуелни сервери што придонесува да се појавуваат проблеми во перформансите или кратко кажано, нема потполна изолација помеѓу клиентите.

Со ГоХост облак серверите, вие секогаш го добивате целосниот износ на рам меморија, процесор, диск, мрежа и слично за кои вие плаќате. Нашите облачни сервери обезбедуваат целосни перформанси и продуктивност како кај дедицираните сервери,а во исто време обезбедуваат непобедлива комбинација на флексибилност. Ние ви гарантираме 100% ниво на достапност на услугата.

KVM комплетна виртуелизација и можност за конфигурирање на сите системски параметри. На ваквиот вирутелен систем ние обезбедуваме различни дистрибуции на Linux и Windows. Можност за избор на оперативен систем.

Предефинирани облак сервери

Конфигурирајте го вашиот облак сервер