Логирај сеОтвори нов тикет

Со користење на услугите овозможени од страна на Веј Глобал ИТС ДОО Скопје (во понатамошниот текст како “Гохост”), вие без ограничувања се согласувате со сите услови и правила наведени подоле, тие ги истакнуваат вашите права, обврски и ограничувања.

Регистрација

При нарачка на нашите услуги ваша одговорност е да ни доставите валидни, точни податоци за вас (како име, презиме, име на фирма/организација, адреса, телефон за контакт, примарна емаил адреса). Ако ви е потребно да ги промените овие информации, контактирате го нашиот тим преку е-мејл. Ние ке го креираме вашиот акаунт веднаш по вашата регистрацијата.

Ако некогаш има злоупотреба или имаме потреба да Ве контактираме, примарната емаил адреса во датотеката ќе се користи за оваа намена. Обезбедување лажни информации за контакт од било кој вид може да резултира со престанок на вашите услуги.

Вашите лични податоци се строго доверливи, истите нема да бидат неовластено заменети, злоупотребени или дадени на трети лица, освен при барање на надлежните институции како што се адвокат, нотар, суд и др како и во постапки утврдени со закон.

Трансфер

Нашиот тим ќе вложи максимални напори за да Ви помогне да се трансферирира вашиот сајт кај нас. Сепак, трансфери се предвидени како знак на добра волја, и ние не можеме со сигурност да ви гарантираме во однос на достапноста, можноста, или времето потребно да се заврши трансферот. Ке вложиме максимален напор да ви овозможиме миграција на вашиот сајт.

На бесплатни трансфер услуги се подразбира 5 дена од вашиот знак. Трансфери надвор од 5 дена бесплатен период се должи со плаќање. Ве молиме контактирајте не за конкретни детали и понуда за цена.

Содржина

Вие сте обврзани при поставување на било какви податоци преку услугите на Гохост, во обзир да ги земете локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитувате.

Примери на неприфатливи материјали на сите хостинг и облачни пакети, вклучуваат:

  • Говор/јазик истакнат на веб страните или во домените кој поттикнува омраза и дискриминација
  • Складирање и дистрибуција на софтвер кој може да доведе до софтверски или хардверски грешки, да ја намали брзината на работење на серверот, или да ја загрози сигурноста на другите корисници или серверот
  • Порнографски содржини кои не ги задоволуваат условите за порнографија и ги нарушуваат постоечките закони
  • IRC Скрипти / Ботови
  • Прокси Скрипти / Anonymizers
  • Пиратски софтвер / Warez
  • IP Скенери
  • Bruteforce Програми / Скрипти / Апликации
  • Комерцијален аудио стриминг
  • Инвестиции сајтови ( FOREX, Е- злато размена , Second Life / Пирамидални шеми и сл )
  • Сајтови за лотарија / коцкање
  • Сајтови промовирање на нелегални активности
  • Емитување или стриминг во живо на спортски настани
  • Tell A Friend Скрипти
  • Bitcoin Рударите

Гохост има право без никакви претходни известувања да ги суспендира, ограничи или стопира услугите на клиентите кои ќе ги прекршат овие услови. Го задржуваме правото на барање од надлежни Владини служби да ги доставиме информациите кои ги поседуваме за даден корисник доколку се установи дека тоа ќе помогне во процесот кој се води од надлежните служби. Во таков случај, Вие се согласувате дека во никој случај, без временски ограничувања, нема да го сметате Гохост за одговорен.

Спам

Гохост забранува било каков вид на спамирање, испраќање голем број на е-маил пораки. Строго забрануваме испраќање на е-маил пораки кои содржат расистичка, криминалистичка, заканувачка и навредлива содржина. Доколку се забележи спамирање истиот акаунт веднаш ќе биде суспендиран без претходно известување и без рефундирање на уплатените средства.

Информации за нарачка и плаќање

Сите онлајн нарачки имаат статус "во исчекување". Се додека услугата не биде платена, услугата не е активна. Во случај нарачката да се состои само од хостинг, со контактирање можеме да ја активираме вашата услуга. Ова е со цел, некогаш да се осигурате во можноста на услугата, но во нарачката нема услуга од друга компанија, како на пример регистрација на домен, SSL и слично.

При онлајн нарачка, треба да селектирате начин на плаќање, "Банка" или "Онлајн плаќање", но начиниот на плаќање може да го смените и после нарачката

Откако услугата е активирана, вие сте обврзани да ги платите сите фактури за дадената услуга. Има неколку типа на наплата и тоа:

Еднократно:

Овој тип на наплата бара уплата на една фактура т.е првата кога и ја добивате/нарачувате услугата.

Периодично:

Овој тип на наплата се состои од првична цена при нарачка на услугата и периодична цена. Не секогаш се исти првичната и периодичната цена. Се додека не го информирате ГоХост дека сакате услугата да ви биде стопирана, ние ќе ви наплаќање периодично, во зависност од услугата.

Сите фактури имаат краен рок за уплата. Кај хостинг услугите, доколку овој рок помине 30 дена, услугата ќе биде автоматски стопирана.Кај домените, ние не гарантираме дека доменот пак ќе биде ваш по истекот на крајниот рок за плаќање. Сите регистрари на домени имаат различен број на грејс период, всушност и затоа не гарантираме дека доменот ќе биде ваш по истекот на крајниот рок за уплата на фактурата. Сепак скоро сите регистрари на домени, даваат барем 10 дена грејс период, но ние не гарантираме за неуспехот на обнувување на доменот. При уплата во банка на фактура за домен, би било пожелно да не известите така што би отвориле нов тикет за поддршка.

Сите фактури се генерираат 30 дена пред да заврши услугата кај услугите кој што се наплаќаат минимум барем на 3 месеци. Фактурите за услуги кои што се наплаќаат месечно се генерираат 10 дена пред да заврши услугата.

Стопирањето на услугата мора да биде направено од корисничкот дел на продуктот.Сите продукти имаат опција да бидат стопирани. Откако ние ќе ги добиеме информациите за стопирање на услугата, вие ќе бидете информирани по пат на емаил. За вашето барање за стопирање на услугата ќе биде отворен нов тикет за поддршка во кој вие морате да го потврдите овој процес. Вие веднаш треба да добиете маил со наслов " Стопирање на услуга со реден број X". Некој од администраторите ќе го разгледа вашето барање и ќе започне процес на стопирање на услугата. Доколку не добиете маил за стопирањето на услугата, ве молиме контактирајте не по пат на телефон.

Бекап и загуба на податоци

Вие ја користите услугата на ваш ризик. За сите Linux корисници, ние правиме неделен бекап и го запишуваме врз стариот, затоа се лува само еден неделен бекап. Ние не гарантираме за било каква грешка или загуба на податоци.

Откажувања и Рефундирањето

ГоХост го задржува правото да избрише, суспендира или забрани пристап до корисничкиот дел без претходна најава.

Клиентот има можност да поврати парите само доколку не истечат повеќе од 7 дена, услугата е Linux хостинг или Windows хостинг и платил онлајн . Злоупотребувањето на услугата ќе го оневозможи повратокот на парите. За сите други услуги, клиентот нема можност за повраток на парите.

Употребата на ресурсите

(Важи само за Linux и Windows хостинг пакетите)

Вие неможете да:

  • За сите клиенти се следат статистики за искористеност на процесор, рам, виртуелна меморија, конкурентност на конекции, број на процеси итн. Доколку често го надминувате овој лимит, вие ќе бидете информирани дека вашиот сајт неможе да работи на овој тип на хостинг и ќе морате да го смените типот на хостинг, во спротивно услугата ќе биде суспендирана.
  • Користите самостојни процеси, процеси без надзор. Ова вклучува процеси како што се IRCD итн.
  • Користите било каков начин на онлајн индексирање познато како Web Crawling, Google Cash, AdSpy итн.
  • Користите било каква апликација која користи IRC мрежа.
  • Користите било каква bit torrent апликација, tracker или client.
  • Користите услугата за хостирање на фајлови како што е MegaUpload или peer-to-peer активности .
  • Користите било каков сервер за играње.
  • Да направите SQL квери подолго од 15 секунди.
  • Користите HTTPS само кога имате потреба, бидејќи енкрипцијата/декрипцијата користи многу процесор.
  • Користите било каков сервер за играње.

Лимитација на број на фајлови

(Важи само за Linux и Windows хостинг пакетите)

Користењето на повеќе од 150000 број на фајлови, може да резултира прво со опомена и доколку не е превземена соодветна мерка, услугата може да биде суспендирана. Било кој хостинг пакет неможе да надмини 250000 број на фајлови.

Гаранција за повраток на пари

Повратокот на пари важи само за Linux и Windows хостинг услугите. Клиентот има можност да поврати парите само доколку не истечат повеќе од 7 дена, услугата е Linux хостинг или Windows хостинг и платил онлајн . Злоупотребувањето на услугата ќе го оневозможи повратокот на парите. За сите други услуги, клиентот нема можност за повраток на парите.

Linux и Windows хостинг

Вие немате право да препродавата хостинг доколку имате Linux или Windows хостинг. Сите клиенти за кои би дознале дека препродаваат ќе бидат автоматски суспендирани. За оваа намена, вас ви треба Reseller тип на услуга, која ние моментално не ја нудиме.

Купони

Попусти и купони важат само за нови корисници *или првпат клиенти* освен ако е наведено дека важи и за постојаните корисници . Било какво прекршување на овие политики ќе бидат разгледани од страна на одделот за продажба и соодветнита фактури ќе биде додадени на сметката. Злоупотреба нема да се толерира и може да резултира со суспензија или престанок на сметката.

Општи услови

Во случај на хаварија како пожар, поплави, терористички напади, хакирање на вашиот сајт итн... каде последиците се губење на податоци хостирани на серверите на Гохост , Гохост не одговара за губењето на податоците хостирани на тие сервери. Поради тоа строго се препорачува самите клиенти да си прават back up на своите податоци.

За било каква штета настаната во вашиот бизнис поради моментално, делумно или целосно нефункционирање на услугите, Гохост не превзема никаква одговорност.

Правлник за регистрација на мк домен

Веј Глобал Итс Доо е овластен регистрант од страна на Марнет за вршење на регистрација, обнова и трансфер на домен.

Вршиме регистрација на следниве домени:

  • врвниот македонски домен .mk, право на регистрација имаатсите правни и физички лица.
  • .edu.mk право на регистрацијаимаат: образовни инаучноистражувачки установи, странски образовни организаци кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност и сл.
  • org.mk право на регистрацијаимаат: непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здравствени установи, фондови и друго, странски амбасади, непрофитни странски организаци на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.
  • com.mk, net.mk и info.mk право на регистрацијаимаат: трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, комори, задруги, финансиски организации, правни лица и физички лица регистрирани за вршење на стопанска дејност.

Доменот потребно е да гисодржи следните елементи и ги исполнува следниве услови:

да се состои од букви од англиската абецеда и притоа да не се разликуваат мали и големи букви,броеви од 0 до 9 и,знакот “-” (тире);

се состои од најмалку 1 (еден) до најмногу 63 (шеесет и три) знаци, првиот и последниот знак не може да биде знакот „-“(тире);

не е дозволено последователно да се појавуваат два знаци „-“ (тире)

Процес за регистрација и трансфер

Процес за регистрација и трансфер на МК домен само со барање

1. Пополнете го барањето кое што можете да го најдете на следниов линк

2. Пополнете ги информациите за регистрантот, административниот и техничкиот контакт. Информациите мора да бидат напишани на кирилица.

Напомена: Информациите за регистрантот треба да бидат исти со веќе постоечките во регистрарот на МАРнет. Информациите можете да ги проверите на whois.marnet.mk.

Доколку сте правно лице, вие можете лично да дојдете во просториите на ГоХост, да ни го испратите барањето преку пошта или пак да ни го испратите барањето со дигитален потпис. Доколку сте физичко лице, вие морате лично да дојдете во просториите на ГоХост или пак да ни го испратите барањето со дигитален потпис.

ГоХост ќе направи нов користички профил со мејлот на регистрантот. Доколку веќе постои корисник со мејлот на регистрантот, ќе бидете телефонски контактирани.

Промени на условите за користење

Гохост го задржува правото да ги ревидира своите политики во секое време без претходна најава.