Логирај се Отвори нов тикет

Интерфејс

HTML, CSS и Javascript.

Што е пребарувач (Browser)?

Веб пребарувач е апликацијата во чии рамки гледате веб страница. На почетокот ова подразбирало Netscape и Internet Explorer, но тоа сега значи многу верзии на Internet Explorer како и многу подобри пребарувачи како што се Firefox и Chrome.

Се зголемува и значењето на мобилните пребарувачи, особено Safari на iPhone и iPads, но исто така и голем број други пребарувачи на Google Android и други мобилни и таблет уреди.

Програмирање на пребарувач

Програмирањето на пребарувач брзо добива значење, како што беше важно уште од почеток!

Модерните пребарувачи и модерните стандарди овозможуваат изработка на напредни веб апликации и веб интерфејси. На пример мобилните веб апликации сега можат да бидат направени со скоро слични карактеристики кои можат да се најдат кај веб апликациите кои се преставуваат во десктоп пребарувачите и на многу начини веќе овозможуваат еднакво или подобро искуство кое е попријатно за корисниците.

Суштинските аспекти на програмирањето на пребарувач, како и услугите кои ги нудиме, се наведени подолу:

HTML5

Во текот на последните 12 месеци работевме со HTML5 и сите веб сајтови кои ги создаваме сега се изработуваат со примена на HTML5. Нема причина зошто да не се користи HTML5 наместо постарите стандарди бидејќи можеме да додадеме дел во кодот со цел постарите пребарувачи да работат со повеќето карактеристики на HTML5.

Се наоѓаме на самиот почеток од патувањето со HTML5 бидејќи има многу што може да се постигне, но за жал нема 100% компатибилност со постарите технологиии.

Oфлајн Фунционирање

Едно од најголемите ветувања на HTML5 е способноста да работи без мрежа, што е особено важно за мобилните уреди. Со работата на податоци без мрежа и примена на Local Storage (Локална меморија) и IndexedDB (индексирани бази на податоци) можеме да создадеме моќни апликации кои може да зачуваат големи количини податоци, да овозможат многу функционалности без интернет мрежа, а потоа да се синхронизираат со централениот систем откако ќе се врати интернет врската.

CSS3

Веќе многу години го одвојувавме стилот од содржината со примена на CSS – каскадни стилски страници, овозможувајќи ефикасен и лесен пристап за примена на дизајнот кој лесно може да се промени со само една промена во CSS кодот.

CSS3 е најновиот стандард и овозможува значајна промена во достапните способности во рамките на пребарувачот. Корисничките интеракции кои претходно би барале голем број на Javascript па дури и Flash, сега може да се постигнат брзо и лесно директно во стилска страница со релативна леснотија.

Сите веб сајтови кои сега ги создаваме користат елементи на CSS3, иако треба да бидеме одговорни и да осигураме дека корисниците на постари пребарувачи, без најновите способности на CSS3, ќе се сретнат со слично ако не и токму истото искуство – ова е суштински важно за принципите на прогресивно подобрување опишани подолу.

Javascript

Работевме со Javascript уште пред да биде формирана ГоХост, и интересно е што иако се развиваше во текот на тој период, навистина тој е сличен на она што беше пред 10 години. Она што навистина го промени Javascript во текот на изминатите години се библиотеките кои беа создадени на основа на Javascript за да се поедностави имплементацијата.

Најпопуларната Javascript библиотека е наречена jQuery, која вклучува голем број ефективни својства, но во поново време имаме и други видови на библиотеки, како што е AngularJS кои ни овозможува напредно програмирање на интерфејсот.

Респонсивен дизајн

Цврсто сме решени дека не треба да се фокусираме на обезбедување на сосема исто искуство низ различни пребарувачи, особено како што овие денови тоа би било речиси невозможно со оглед на тоа што треба да погледнеме многу подалеку од стандардните големини на екрани кои може да ги најдеме кај десктоп пребарувачите. Исто така не е логично да се ограничуваме себеси на обезбедување на најнискиот заеднички именител (вообичаено IE6), но да понудиме повеќе основно искуство на овие постари пребарувачи и целото искуство на поновите модерни пребарувачи.

Со комбинирање на оваа напредна филозофија на подобрување со еден друг релативно нов пристап наречен респонсивен дизајн, можеме слично искуство кај постарите пребарувачи и различните големини на екрани, а со тоа и на мобилните и таблетите.

Во овој модерен свет на различни видови пребарувачи и големини на екрани, ова го овозможува најдоброто искуство за најшироката публика, и всушност најдоброто искуство за кое е способен секој кориснички пребарувач.