Логирај се Отвори нов тикет

Датабази

SQL, Document Store, KeyValue типови на датабази

Document Store

MongoDB е база на податоци која се користи од страна на компании од сите големини, ширум сите индустрии и за голем број апликации. Тоа е агилна база на податоци која овозможува шемите брзо да се менуваат како што напредуваат апликациите, притоа сепак овозможувајќи ја функционалноста кои создавачите ја очекуваат од традиционалните бази на податоци, како што се секундарни индекси, целосен јазик за пребарување и строга постојаност.

Чудно но ние имаме повеќе искуство со MongoDB него со стандардните MySql и MSSql бази. Почнавме да користеме MongoDB уште од самиот почеток кога всушност оваа база беше достапна како open-source, и верувајте дека од тој момент се до ден денес, никогаш не би се вратиле на станрадните SQL бази.

SQL

Најголем дел од нашите проекти но и оние бесплатни open-source апликации се основаат на SQL базите. Ова е најкористениот тип на датабаза, без разлика на големината на системот. Впрочем, главната база на Facebook е MySql, што ни докажува за моќноста на овој тип на бази. Можеби сега имате мала дилема како Facebook користи MySQL кога ние веќе потенциравме дека не би се вратиле на SQL типот на бази откако почнавме да користиме MongoDb. Сепак доколку Facebook не беше најголем корисник на Memcached, не си направија нивна дата база (Cassandra) и ред други услуви, MySQL ќе неможеше да го издржи нивниот интензитет.

Ние најчесто користиме Microsoft SQL и MySQL, но не е проблем да користиме било која друга SQL база доколку имате таква потреба.

Key/Value

Овој тип на датабази се впрочем наједностави и сите податоци кои што се чуваат се складираат во рам меморијата. Ова овозможува ваквиот тип на датабази да бидат екстремно брзи и најчесто се користат за подобрување на перформансите, познато како Caching.

Имаме работно искуство со две вакви бази: Memcached и Redis.

Складирање на податоци без мрежа од мрежен пребарувач

Со постојаниот раст особено во однос на пребарувањето преку мобилен, опциите за база на податоци на пребарувачот сега започнуваат да созреваат и да добиваат во проширување. Дел од нашите проекти користат Local Storage (Локално складирање) и IndexedDB (Индексирани бази на податоци).