Логирај се Отвори нов тикет

Мобилни и таблети

Растот на употреба на мобилни и таблети е ништо помалку од феноменален во последните неколку години.

Најголем раст

Во 2013 година беше забележан најголемиот раст досега и оваа нагорна крива не покажува знаци на забавување. Затоа суштински важно е да ја разберете оваа важност на овој растечки сектор.

Тука сме да помогнеме со тоа, независно дали се однесува на релативните придобивки на „вродените“ апликации наспроти мобилните веб-сајтови (во однос на конкретен проект и конкретен збир на околности), или независно од тоа кога или до кој степен содржината и функционалноста треба да бидат прилагодени на мобилните и таблет платформите. Добрите вести се што мобилните веб сајтови веќе се екстремно моќни и особено со конкурентноста помеѓу Apple и Android, како и веројатниот раст кај Windows телефоните во текот на следните неколку години (сѐ уште не сме сигурни што ќе се случи со Blackberry/RIM), и одредени мобилни веб пребарувачи се клучното борбено поле на кое напорно работи секој од овие провајдери на платформа за да покажат дека тие се еден чекор понапред и за да ни овозможат побрзо и подобро искуство – сето тоа значи дека мобилниот пребарувач (распространетата платформа за која создававме веб апликации на десктоп) е поставен за продолжен раст во предвидливата иднина. Ова значи дека можеме да ги примениме сите вештини за развој кои ги усовршувавме за апликации засновани на декстоп, заедно со растечко знаење и експертиза за специфичните барања и промени кои се потребни на уреди со помал екран, за да се создадат ефективни мобилни мрежни апликации кои во некои случаи можат и ќе обезбедат многу слични искуства кои може да се најдат во „вродените“ апликации (на пример, овозможување многу слични искуства за апликации купени преку продавницата за апликации на Apple, App Store).