Логирај се Отвори нов тикет

Системски дизајн

Планирањето и спецификацијата на почетокот на еден проект.

Што е системски дизајн?

Системски дизајн е процес на дефинирање на архитектура, компоненти, модули, интерфејси, и податоци за системот да ги задоволи одредени барања. Ова подразбира целовкупна анализа и дизајн на хардвер и софтвер, потребен за функционалноста на одредено барање.

Со оглед на тоа дека ние целовкупно се грижиме за нашиот хардвер, имаме прилично големо искуство околу дизајнот и потребите за даден проект. Мометално менаџираме повеќе од 10 сервери кои што работат на Windows и Centos и повеќе од 20 друг вид на сервери како што се MSSQL, MySQL, FileZilla, HAproxy, Exim, Bind, HMailServer итн.

Затоа разбираме како големите и малите системи бараат скалабилност (поделба на ниво) и идно докажување, и затоа ги планираме и градиме системите на логичен (и честопати едноставен) начин за да ја осигураме најдобрата можна варијанта дека функционалноста биде одговорна и компатибилна со идните барања.