Логирај се Отвори нов тикет

Системска интеграција

Мрежата е дел од еден меѓусебно поврзан систем.

Мрежата е дел од еден меѓусебно поврзан систем.

Има сѐ повеќе и повеќе мрежни и внатрешни системи кои можеби ќе треба да ги интегрирате со вашиот веб сајт. Дали некогаш сте размислиле дека онлајн нарачката од вашиот веб сајт може да биде имплементирана со вашиот софтвер за финансии или пак прикажувањето на продуктите?

Мрежна услуга и апликациски програмски интерфејс (API)

Мрежните услуги и мрежните апликациски програмски интерфејси (APIs) ја прават меѓусебната поврзаност помеѓу веб сајтовите и системите многу почеста и многу полесна. Ова е дополнето и понекогаш олеснето од страна на големите веб компании како што се Google, Twitter, Facebook и други кои имаат создадено APIs кои се лесни за употреба и кои ни помагаат да ги поврземе нивните услуги со вашиот веб сајт.

На пример, беше создаден еден ефективен стандард (проток) за потврдување на автентичноста на системските комуникации, наречен OAuth, кој можеби го имате користено без да знаете при поврзување или при овозможување на Google или Facebook услугите на веб-сајтови на трета страна – во овој случај веб сајтот на третата страна ќе се поврзе за да каже дека Google бара пристап до одредена услуга; Google потоа ќе отвори прозорче за корисникот да го внесе своето корисничко име и лозинка (ова се врши во рамките на појавниот прозорец на Google и затоа податоците на корисникот не се споделуваат со веб-сајтот на третата страна), и доколку и тогаш кога ќе се проверат податоците на корисникот од страна на Google, се испраќа знак од страна на Google (долга низа од карактери по случаен избор) до веб-сајтот на третата страна, кој потоа се зачувува па кога корисникот повторно ќе ги побара истите услуги од Google, тогаш веб-сајтот од третата страна може да го испрати знакот (кој Google некогаш го има испратено до веб страницата на оваа трета страна конкретно за овој корисник) за да добие пристап до услугата без корисникот да мора повторно да го внесе своето корисничко име и лозинка.

Понекогаш овие меѓусебни поврзувања може да бидат директни, особено при поврзување со големи социјално-фокусирани мрежни џинови како што се Google, Facebook или LinkedIn на пример, но подеднакво тие може да бидат екстремно комплицирани и тешки доколку се обидеме да се поврземе со системи кои не се толку напредни и кои не се самите директно на јавната мрежа.

Функционирајќи со голем број меѓусебно поврзани системи и меѓусебно поврзани пристапи, добро сме позиционирани за да помогнеме да се дефинира и испорача најсоодветниот пристап за вашите конкретни барања.