Регистрирај .mk домен за помалку од 1 минута

Без барања и документи, за 999 денари годишно со вклучен 1GB CPanel хостинг

Со секоја регистрација или трансфер на домен, вие добивате

slake icon12

Бесплатен хостинг

*Бесплатен 1GB cPanel веб-хостинг на кој можете да додадете до 7 имејл адреси и да прикачите веб-страница. Добивате комплетно веб-решение за вашиот сајт.

slake icon2

Веб кориснички панел

ДНС хостинг со онлајн менаџмент и кориснички панел за менаџирање на вашите домени, продукти, фактури, понуди и тикети за поддршка.

slake icon3

24/7 Поддршка на македонски јазик

Беспрекорна поддршка од нашите администратори преку телефон, имејл, Live-Chat или тикет-системот.

Ценовник

WHMCS is not yet synced
*Цените за националните домени се изразени во денари со вкалкулиран 18% ДДВ, за временски период од 1 (една) година. Сите национални домени можат да се регистрираат или обноват за период од 1 до 10 години.
*Цените за генеричките домени се изразени во денари со вкалкулиран 18% ДДВ за временски период од 1 (една) година. Цените за националните домени се изразени во денари со пресметан 18% ДДВ, за временски период од 1 (една) година. Во зависност од домените, истите можат да се регистрираат или обноват за период од 1 до 10 години.
*Бесплатниот микро хостинг (Linux Micro) кој следува со регистрација/трансфер на домен во нашиот регистар, кој во првата година ќе можете да го користите БЕСПЛАТНО, по истекот на 365-те дена преминува во Linux Micro Plus, кој се наплаќа 890 денари (годишно), со вклучен ДДВ.
ДоменРегистрацијаГодиниОбноваТрансфер
.mk999 ден.1 799 ден.0 ден.
.com.mk999 ден.1 799 ден.0 ден.
.inf.mk999 ден.1 799 ден.0 ден.
.edu.mk999 ден.1 799 ден.0 ден.
.net.mk999 ден.1 799 ден.0 ден.
.org.mk999 ден.1 799 ден.0 ден.
.com999 ден.1 999 ден.999 ден.
.co.uk999 ден.1 999 ден.999 ден.
.net999 ден.1 999 ден.999 ден.
.info999 ден.1 999 ден.999 ден.
.org999 ден.1 999 ден.999 ден.
.biz999 ден.1 999 ден.999 ден.
.tv2,120 ден.1 2,120 ден.2,120 ден.
.мкд999 ден.1 799 ден.0 ден.
.rs1,230 ден.1 1,230 ден.1,500 ден.
.com.hr610 ден.1 610 ден.0 ден.
.tech3,000 ден.1 3,000 ден.3,000 ден.
.eu999 ден.1 999 ден.999 ден.
.pro999 ден.1 999 ден.999 ден.
.ltd1,400 ден.1 1,400 ден.1,400 ден.
.ch1,200 ден.1 1,200 ден.1,200 ден.
.me1,400 ден.1 1,400 ден.1,400 ден.
.io2,200 ден.1 2,200 ден.2,200 ден.
.al1,200 ден.1 1,200 ден.1,200 ден.
.bg2,000 ден.1 2,000 ден.2,000 ден.
.co999 ден.1 1,600 ден.1,600 ден.
.si1,200 ден.1 1,200 ден.1,200 ден.
.news1,500 ден.1 1,500 ден.1,500 ден.

Повеќе од 4500 клиенти меѓу кои

ЧПП - Често Поставувани Прашања

Домен, всушност е името на веб-страницата, преку кое истата ја повикуваме. Со цел полесно да пристапуваме до веб- страниците, доменот има функција да направи поврзување со IP адресата на серверот каде што е хостирана бараната веб- страница. Пример: gohost.mk е нашиот домен кој е поврзан со Windows веб-хостингот.

Бесплатниот микро хостинг (Linux Micro) кој следува со регистрација/трансфер на домен во нашиот регистар, кој во првата година ќе можете да го користите БЕСПЛАТНО, по истекот на 365-те дена преминува во Linux Micro Plus, кој се наплаќа по 890 денари (годишно), со вклучен ДДВ.

Проверете дали доменот кој сакате да го регистрирате е слободен. Доколку доменот е слободен за регистрација можете да ја продолжите процедурата на истата страна и да го нарачате. На имејл адресата, која ќе ја внесете при нарачката, ќе добиете про-фактура која треба да ја платите (онлајн со платежна картичка или преку уплатница во банка). Кратко по уплатата, доменот ќе Ви биде регистриран. Внимавајте податоците да се точни и вистинити бидејќи во спротивно, во согласност со правилникот (член 31), доменот може да Ви биде избришан од регистрарот и уплатените средства нема да Ви бидат вратени.

Регистрацијата на горенаведените домени, исто така може да се изврши онлајн, со тоа што, освен стандардните информации, потребно е да се наведат: „Целосен назив на правното лице“ и „ЕДБ“ (Единствениот Даночен Број).

Право да регистрираат терцијарен домен во секундарниот домен: com.mk, net.mk и inf.mk - имаат: трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, комори, задруги, финансиски организации, правни лица и физички лица регистрирани за вршење на стопанска дејност.

Право да регистрираат терцијарен домен во секундарниот домен: org.mk - имаат: непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здравствени установи, фондови и друго, странски амбасади, непрофитни странски организаци на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.

Право да регистрираат терцијарен домен во секундарниот домен: edu.mk - имаат: образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организаци кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност и сл.

Доколку плаќањето за регистрација се изврши онлајн, со платежна картичка, истата се извршува за неколку минути (по проверка на внесените податоци за доменот) и потоа вашиот домен веднаш е достапен за користење. Доколку се плати на про-фактура, преку уплатница во банка, регистрацијата ќе се изврши веднаш по евидентирање на уплатата или за најмногу 24 часа од уплатата.

Наплатата може да се изврши на два начина, и тоа: онлајн со платежна картичка или наплата по про-фактура, преку уплатница во банка. Изборот за начин на плаќање се одбира при нарачка на доменот.

Да. Доколку инсистирате на регистрација со писмено барање за регистрација на домен, истото треба да го пополните и да ни го доставите преку пошта на адреса: Христо Смирненски 54/1-11, 1000, Скопје или скенирано на мејл: contact@gohost.mk со што ќе ви биде генерирана про-фактура. Доколку регистрантот е правно лице, потребно е барањето да биде заверено со потпис и печат од одговорното лице. Доменот за кој се однесува барањето ќе биде регистриран во .mk зоната откако ќе биде евидентирана уплатата за истиот. Барање за регистрација можете да преземете на следниот линк: https://www.gohost.mk/marnet.pdf

Не. Плаќањето на про-фактура не е условено со писмено пополнување на барање за регистрација на домен. За плаќање на про-фактура потребно е при нарачка на доменот да изберете метод за наплата „Банка“ со што ќе ви доставиме про-фактура на вашата имејл адреса.

Промена на именските опслужувачи се врши едноставно и брзо преку клиентскиот контролен панел на GoHost.mk - во делот „Домени’ > „Закупени домени“. Откако ќе се направат промените, за истите да бидат активни, потребно е макс. 24 часа.

Трансфер на .mk, .com.mk, .org.mk, .edu.mk или .inf.mk домени во GoHost.mk се врши бесплатно, со само еден клик. Пред да преминете кон трансфер потребно е да побарате ЕПП (Авторизациски код) од досегашниот домен регистрар. За останатите домен-екстензии .com, .org и сите други интернационални, се наплаќа според нашиот важечки ценовник за домени, со тоа што овие домени при трансфер се обновуваат за +1 година. За овие домен-екстензии потребно е да имате „Auth Code“ - код за трансфер и доменот да биде „Unlocked“ - отклучен за трансфер.

ЕПП или авторизациски код е лозинка која ја генерира регистрарот при регистрација. Доколку сакате да преминете кон GoHost.mk потребно е да го побарате „ЕПП кодот“ или „Auth code“ од вашиот досегашен регистрар.

Не. За домените .mk, .com.mk, .org.mk, .edu.mk или .inf.mk датата на валидност на доменот останува непроменета исто како и сите останати информации од претходно. За останатите домени, .com, .org и сите други интернационални, датата се продолжува за +1 година, а останатите информации остануваат непроменети.