Дали започнувате бизнис и не ви е јасно зошто ви е потребен вебсајт за вашиот бизнис? Многу ќе се зачудите кога ќе дознаете дека во 2016 година околу 46 проценти од малите бизниси немале веб сајт, но после една година нивниот број се намалил на зачудувачки 29 проценти.

Тогаш, што ги натерало луѓето да се променат? Зошто купувачите покажуваат голем интерес кон онлајн продавниците?

Ове се петнаесет причини кои ќе ви објаснат зошто да се биде присутен онлајн е круцијално за успешен бизнис:

 

1 .Отворено е 24 х 7 (24 часа, 7 дена во неделата)

Откако ќе добиете бизнис веб сајт, веќе нема да мора да ставате знак затворено (не работиме). Купувачите ќе можат да ги разгледуваат вашите производи и да ги купат и кога вие не сте достапни. Тоа значи дека ги продавате своите услуги и производи 24 x 7. Сепак, потребна ви е подршка и помош од искусен и вешт тим за веб развој.

 

2.  Таргетирајте поголем пазар

Ако немате онлајн бизнис, се грижите за ограничен број на клиенти, но кога сте присутни онлајн, може да остварите голем пазар. Вашите работни часови се подолги од вообичаено и без разлика што продавате, го правите тоа со многу мали трошоци на веб.

 

3.  Глобално присуство

Во денешно време најважно од сѐ е вашата компанија да биде видлива на глобалната карта на светот. Колку повеќе земји се снабдуваат од вас, толку ќе биде поуспешен вашиот бизнис. И тоа е вистинската причина зошто на малите бизниси им треба веб – сајт. За да ги опслужите вашите клиенти кои живеат преку седум мориња, а да не бидете физички присутни притоа, ќе ве чини малку.

 

4.  Привлечете го вниманието на младите

Младите луѓе поминуваат многу време онлајн и преферираат онлајн шопинг наместо да посетат шопинг центар. Да се има онлајн бизнис значи дека може да се привлечат младите, кои импулсивно реагираат наместо да направат истражување (за производот и услугата).

 

5.  Едуцирајте ги клиентите за вашиот бранд

Клиентите секогаш ги интересира што ве поттикнало да основате компанија. Кога вие одлучувате што ќе објавите за вашата компанија, имате подобра можност да го импресионирате клиентот, бидејќи никој друг не го познава вашиот бизнис подобро од вас. Тоа не значи дека се расфрлате со пофалби за вашиот бренд, туку може да им го привлечете вниманието и да ги натерате клиентите повеќе да се заинтересираат за него. Додадете блог на вашиот сајт, клиентите ќе почуствуваат дека им давате нешто, а не дека само парите ве интересираат.

 

6.  Присуство на социјалните мрежи

 Ако имате свој бизнис, јасно е дека треба да сте присутни на социјалните медиуми како што се Твитер, Инстаграм и Фејсбук. Тоа ја зголемува вредноста на вашиот бренд, особено ако поставувате фотографии кои се креативни, ако имате интеракција со клиентите и ако овозможувате повремено подарување и натпревари што ќе предизвика интерес за квалитетот на вашите производи.

 

7.  Маркетиншки план

 Вебсајтот е чекор број еден во кој и да е маркетиншки план и тој се превзема пред да бидат дизајнирани брошури и бизнис картички. Погрижете се секоја маркетиншка кампања што ќе ја започнете да биде поставена на посебната пристапна рекламна страна кон сајтот за да биде веднаш забележана од посетителите при неговото отварањето.

 

8. Ја зголемува довербата и легитимноста на вашиот бренд

Со поседувањето на бизнис веб сајт вашиот бизнис добива на легитимност и се зголемува довербата на клиентите во него. Ние живееме во дигитален свет, и се смета дека ако имате свој бизнис веб сајт вашата компанија навистина постои и не ги искористувате и залажувате луѓето, како што пред неколку децении беше битно компанијата физички да постои (да има реално постоечка канцеларија и адреса). Сепак, најважно од сѐ е да го претставите својот бизнис на атрактивен и гламурозен, но сепак добро организиран начин.

 

9.  Подршка на клиентите 

Зголемете ја интеракцијата со клиентите со тоа што ќе обезбедите страница за поддршка на вашиот веб сајт. Тоа особено помага кога обезбедувате услуги во повеќе од една земја.  Поволно е за бизнисот што не може да си дозволи услужување на клиентите преку телефон. Истотака, може да поставите FAQ страна за клиенти така што тие би можеле да си ги одговорат своите недоумици пред и без да ве оптеретуваат вас.

 

10.  Постигнете ги вашите бизнис цели

Бизнис веб сајтот ве доближува до вашите бизнис цели. Мора да бидете посветени на работата и професионалниот квалитет и вредност за да ви успее бизнисот. За да се чувствувате остварени и да го задржите натпреварувачкиот дух, зададете си помали цели наместо една голема цел. Тоа истотака го прави вашиот бизнис подобро организиран, и вие самите имате јасна идеја како да ја водите компанијата.

 

11.  Онлајн продажба

Во извештајот од 2016 достапен на линков Report, електронски водената комерцијална  индустрија во Индија  заработила 675 билиони долари, што значи ако немате веб сајт губите многу пари. Секоја година процентот на онлајн продажбата драстично се зголемува. Не треба да се откажете од вашиот дуќан, бидејќи двата начина на продажба комбинирани заедно ќе ви донесат максимaлнa заработувачка.

 

12.  Испробајте нови идеи

Развивајте го вашиот бизнис со помош на CMS што овозможува тестирање на нови идеи и посетителите можат веднаш да ви кажат дали истите функционираат или не. Не сте во загуба бидејќи ваквото тестирање е бесплатно. Планирате да воведете нов производ? Поставете го на веб сајтот неколку дена и направете да изгледа максимално привлечно и проверете дали луѓето го сакаат или не.

 

13.   Бесплатна услуга

Во почеток, ако имате ограничен буџет, може да отворите бесплатен веб сајт на WordPress. Видете како функционира, заработете некоја сума, и кога ќе имате доволно, контактирајте ја компанијата за развој на електронска комерцијална веб дејност и побарајте да ви дизајнираат целосно функционален и тестиран веб сајт.

 

14. Бизнис веб страните на конкуренцијата

Едноставно е. Бидејќи вашата конкуренција има веб сајт, исто така мора да го имате и вие. Клиентите доста истражуваат пред да набават еден производ, па ако немате вебсајт, и помагате на конкуренцијата да биде многу повеќе посетена. Тоа истотака значи дека не успевате да ги пратите новите технологии и сте се откажале од можноста да имате успешен бизнис.

 

15. Искуствен центар за вработените

Вебсајтот не е наменет само за вашите клиенти туку и за вашите вработени. Создадете  subdomain (под домен, во рамки на главниот домен) за вработените, што може да го користат да поставуваат фотографии, инструкциски видеа и упатства за помош на купувачите. Тоа истотака ќе направи вашите вработени да се чувствуваат ценети. Тие не се трошок за вас туку инвестиција која ќе ви донесе богата жетва на долгорочни бенефити ако коректно ги третирате.

Друго