Linux заеднички

Цена во денари
од 179/месечно
СОПСТВЕН ПАКЕТ
  • од 3GB до 100GB веб простор
  • од 30GB до 100GB месечен трансфер
  • за 1-10 домени
  • Неограничено емаил корисници
  • Неограничен број на под-домени
  • Неограничено датабази
  • Неограничено FTP корисници
  • CPanel – веб хостинг панел
  • Физичка меморија: 1024MB (1GB)
  • Процесорска брзина: 300% (3 jадрa)
  • SSL сертификат
  • Сопствена (дедицирана) IP адреса
  • 30 тест период (инстант активација)
Цена во денари
285/месечно
НЕОГРАНИЧЕН С
  • Неограничен веб простор
  • Неограничен месечен трансфер
  • Неограничено емаил корисници
  • 1 Домен (1 веб страна)
  • Неограничен број на под-домени
  • Неограничено датабази
  • Неограничено FTP корисници
  • CPanel – веб хостинг панел
  • Физичка меморија: 2048MB (2GB)
  • Процесорска брзина: 300% (3 jадрa)
  • SSL сертификат
  • Сопствена (дедицирана) IP адреса
  • 30 тест период (инстант активација)
Цена во денари
620/месечно
НЕОГРАНИЧЕН М
  • Неограничен веб простор
  • Неограничен месечен трансфер
  • Неограничено емаил корисници
  • Неограничен број на домени
  • Неограничен број на под-домени
  • Неограничено датабази
  • Неограничено FTP корисници
  • CPanel – веб хостинг панел
  • Физичка меморија: 3062MB (3GB)
  • Процесорска брзина: 400% (4 jадрa)
  • SSL сертификат
  • Сопствена (дедицирана) IP адреса
  • 30 тест период (инстант активација)

Карактеристики

Зошто се издвојуваме од конкуренцијата?

LiteSpeed веб сервер

LiteSpeed веб-серверот е замена за Apache веб-серверот. Тој е 100% компатибилен со сите апликации и контролни табли кои се наменети за Apache. LiteSpeed веб-серверот ви овозможува 9 пати побрз хостинг од 90 % од останатите кои го користат Apache веб-серверот.

Облак сервери со највисоки перформанси

Облак сервери со Intel(R) Xeon(R) Gold 6136 CPU 3.00GHz процесори, SSD дискови, и директен редурантен 1 гигабитен линк поврзан со Македонски Телеком.

Tier 4 центар за податоци

Гохост серверите се во Тиер 4 центарот за податоци. Поседувајќи аптајм од 99,9975%, повеќе извори на енергетско покривање и сигурносен и годишен прекин на работа помалку од осумнаесет минути, Daticum центарот за податоци е класифициран како Тиер 4 центар за податоци.

Оптимизиран за WordPress
За вашитe WordPress инсталации, ви овозможуваме Litespeed кешинг кој резултира со зголемување на вашата брзина до 33599%. Ова значи дека имате 337 пати побрза WordPress инсталација од оние кои немаат Litespeed кешинг.

Дедицирана IP Адреса

Сите хостинг пакети добиваат дедицирана IP адреса. Гохост е единствениот хостинг провајдер во Македонија кој поседува C-class range. Прочитај повеќе

Безбедна „Облак“ технологија

CloudLinux претставува стандард во хостинг серверите. Тој овозможува зголемена безбедност со што ги изолира вашите хостинг кориснички сметки и ве издвојува од останатите, со што и ви нуди стабилна, безбедна и независна хостинг средина.

Безбедност на сервери

Ние користиме максимална софтверска (CloudLinux, phpSuExec, mod_security, Suhosin, CSF/LFD) и хардверска Облак заштита, а сето тоа хостирано во најсовремен центар за податоци со сертификат за 4-то ниво.

Cloud Backup

Како што компаниите ја зголемуваат количината на корпоративните информации кои секојдневно се генерираат, така подлежат на ризик од губење на истите. Тимот на Гохост ви нуди гаранција за сигурноста на вашите информации, со помош на бекап, ситуиран надвор од нашиот центар за податоци, поточно на Rackspace Files.

Сопственост на хардвер

Некои хостинг провајдери користат сервери кои не се во нивна сопственост и затоа контролата врз квалитетот на нивната услуга е ограничена. Ние имаме наши сервери, мрежа и тим.

Веб-билдер

Не ви се потребни програмерски вештини со цел да го направите вашиот идеален корпоративен сајт. Нашиот моќен „drag and drop“ креатор на веб-страници ви овозможува да ја креирате вашата страница, брзо, лесно ибезболно, со најдобриот наједноставниот и најчистиот инерфејс кој можете да го замислите.

Имате на располагање 145 темплејти, за кои ве уверуваме дека ќе се согласат со вашата веќе замислена идеја.

CloudFlare

Гохост од е официјален Премиум партнер со CloudFlare. Со тоа, вие, клиентите имате можност бесплатно да ја корисите услугата Railgun™ web optimization, која инаку би ве чинела 200 долари месечно.

Кога вашата вебстраница ќе стане дел од семејството CloudFlare, бидете сигурни дека интернет сообраќајот ќе се одвива низ глобалната интелигентна мрежа. CloudFlare автоматски ја оптимизира испораката на вашата веб-страница, а со тоа вашите посетители добиваат најдобри перформанси.

Поддршка

Гохост ги нуди најквалитетните решенија од областа на веб-хостирањето. Ние нудиме гарантиран 99,99% Uptime за беспрекорно функционирање на мрежата. Нашата компанија е составена од исклучителни IT експерти кои ви стојат на располагање 24 часа во денот.

Можете да се потпрете на беспрекорната поддршка од нашите веб-експерти, преку телефон, емаил, тикет.

Со секој купен хостинг пакет, Вие добивате

  • Дневен offsite бекап на сите податоци
  • Инстант инсталација на 300+ скрипти
  • Можност за миграција на пакети
  • Селектор на PHP верзија (5.6 - 7.4) | OPcache | APCu cache
  • Бесплатна CloudFlare интеграција
  • QUIC Протокол | QUIC Cloud
  • Memcached | Redis
  • Бесплатен трансфер од друг хостинг
  • CPanel веб контролен панел
  • CloudLinux стабилност
  • Инстант активација на услугата
  • Litespeed Cache - оптимизиран за WordPress
  • Imunify360 Антивирус

WordPress Benchmark

Apache (со keep-alive активирано) реализира до 1 300 повикувања во секунда со активирано W3TC и WPRocket.

Со истото сетирање, LSWS со W3TC и WPRocket реализира до 4 800 повикувања во секунда, со подобрување од 2,6x до 6x пати.

Со користење на LiteSpeed Cache Plugin for WordPress со LSWS реализира до 5 200 повикувања во секунда.

Извор

Често Поставувани Прашања

Нашите веб-хостинг пакети се дизајнирани да хостираат лични, мали и средни веб- страници. Не постојат утврдени ограничувања на простор на дискот или трансфер на податоци што ги нудиме во нашите заеднички неограничени хостинг пакети. Но, доколку утврдиме дека вашите складирани податоци претставуваат ризик за стабилноста, ефикасноста и брзината на нашите сервери, ќе бидете известени преку е-пошта и ќе можете да преминете на виртуелен или дедициран веб-сервер. Тоа е многу ретко и обично се случува со веб-страници кои користат хостинг за споделување на датотеки или складирање на фајлови. На пример, корисниците кои користат 25% или повеќе од ресурсите на серверот подолго од 90 секунди, ги нарушуваат правилата за фер користење на услугата и доколку при првата опомена не преземат мерки ќе бидат суспендирани.

Можна е надоградба на поголем хостинг пакет, а исто така и враќање на помал пакет. Оваа промена на услугата е автоматизирана и при истата нема да се појави никаков прекин во услугите. Промената се пресметува со формула од изминатиот и новиот период.

Една MySQL база на податоци може да зафаќа најмногу 3GB веб-простор.

Веб-хостинг услугите се активираат веднаш по уплатата. Доколку уплатите со кредитна картичка, услугата ке биде активна веднаш. Регистрацијата на интернационалните домени (.com / .org / .net …) се активира веднаш по уплатата. Регистрацијата на .mk домени се активира после неколку минути.

Генерално, скоро за сите веб-сајтови потребно е само да се ископираат фајловите и да се импортира базата на податоци.За да ги ископирате фајловите, можете да користите FTP клиент, или пак можете да го користите нашиот вграден FTP менаџер кој се наоѓа во контролниот центар на хостингот.Сепак овој навидум едноставен процес, понекогаш може да биде прилично комплициран, во зависност од големината и посебните услови. Ние сме експерти за веб и би немале проблем да направиме трансфер на вашиот сајт, без разлика на големината и технологијата. За оваа цел, секогаш можете да отворите нов тикет за поддршка.