Со помош на овој пријателски креатор на веб страни (Web Builder), кој што е исклучително лесен за употреба, ве уверуваме дека ќе бидете во можност лесно да ја изградите, уредите и објавите вашата веб-страница само за неколку минути! За да започнете, тоа лесно ќе го направите преку најавување во вашиот cPanel, лоцирајќи ја иконката за Gohost Website Builder и со селтирање на соодветен шаблон (template).

Постојат преку 160 претходно направени шаблони кои вие можете да ги подобрите со цел истите да се вклопат со вашите потреби за развивање  и подобрување на вашата веб-страница. Во секое време вие можете да ја уредите вашата веб-страница на лесен начин преку најавување на иконката за builder & edit your edits, а потоа едноставно да кликнете на иконката publish (издава).

Нашиот билдер нуди широки можности и опции за надградба на вашата веб-страница. Вие сте во можност да додадете копчиња (buttons), контакт форми, да вградувате YouTube видеа и многу повеќе од тоа! Тоа лесно ќе го направите преку кликање на иконката и повлекување на елементот кој го посакувате и потоа истиот го објавувате!

Најлесниот комплетно функционален и опремен веб билдер во светот заштедува илјадници денари за трошоци за веб дизајнирање. Зошто да не ги користите овие темплејти за да понудите услуги за веб дизајнирање во вашата област, а за тоа да не ви е потребно техничко знаење? За почеток треба да користите лаптоп или десктоп, а подоцна може да правите мали промени со помош на мобилен уред (телефон).

Не ви се потребни програмерски вештини со цел да го направите вашиот идеален корпоративен сајт. Нашиот моќен „drag and drop“ креатор на веб страни ви овозможува да ја креирате вашата страна, брзо, лесно, безболно, со најдобриот наједноставниот и најчистиот инерфејс кој можете да го замислите.

Туториалот за користење на креаторот на веб страни (Web Builder) можете да го симнете тука.

Веб Дизајн