Следете ги овие предлози за да ја подобрите вашата оптимизација на пребарувашот (ОП / SEO) и гледајте како вашата веб-страница го зголемува рангот до врвот на резултатите од пребарувањето.

 

Објавувајте релевантна содржина

 

Квалитетната содржина е број еден двигател на рангирањето на вашиот пребарувач и не постои замена за одлична содржина. Квалитетната содржина специјално креирана со намена за ваше корисничко зголемување на сообраќајот на страницата, кое истовремено го подобрува управувањето и релевантноста на вашата страница. Врши фино нагодување на вашите веб вештини за пишување.

Идентификувајте и наведете клучна фраза за секоја страница. Размислете за тоа како вашиот читател би можел да ја побара таа карактеристична страница (со фрази како „механичко инженерство во Скопје“, „програма за најдобро применета физика“ или „степени на образование на Технолошкиот универзитет на Скопје“). Потоа, повторете ја оваа фраза неколку пати во текот на страницата – еднаш или двапати во почетните и завршните параграфи и уште два до четири пати во текот на останатите содржини.

Не заборавајте да користите задебелени букви, закосен фонт, ознаки за наслов (особено H1), поднаслов (особено H2)  идруги ознаки за акцентирање за да ги потенцирате овие клучни фрази – но не претерувајте. Вие сеуште сакате вашиот јазик и стил на пишување да се чита природно. Никогаш не жртвувајте добро пишување за оптимизација (ОП). Најдобрите страници се напишани за корисникот, а не за пребарувачот.

 

Ажурирајте ја вашата содржина редовно

 

Веројатно сте забележале дека изразуваме силни чувства кога се работи за содржината. За пребарувачите важи истото. Редовно ажурираната содржина се гледа како еден од најдобрите показатели за релевантност на страницата, па затоа не заборавајте да го правите тоа редовно.

 

Метаподатоци

 

Кога ја дизајнирате вашата веб страница, секоја страница содржи простор помеѓу <head> таговите за да вметнете метаподатоци или информации за содржината на вашата страница. Ако имате CMS-страница како WordPress еве како да додадете:

 

Метаподатоци за Наслов

Метаподатоците за наслов се одговорни за насловот на страниците прикажани на врвот на прозорецот на прелистувачот и како наслов во резултатите од пребарувањето. Тоа се најважните метаподатоци на вашата страница. За оние со веб-страница на CMS WordPress, YoastSEO има развиено автоматизиран систем за креирање на мета-наслов за секоја веб-страница.

 

 

Метаподатоци за Опис

Метаподатоците за опишување претставуваат текстуален опис кој пребарувачот може да го користи при враќање на пребарувањето на вашата страница. Замислете го тоа како прозорец за прикажување на вашата страница – концизен и привлечен опис на она што се содржи во истата, со цел да ги поттикне луѓето да влезат. Еден добар мета опис обично содржи две целосни реченици. Пребарувачите можеби не секогаш го користат вашиот мета-опис, но важно е да им се даде опција.

 

Метаподатоци за клучни зборови

Метаподатоците за клучните зборови ретко се користат за да се табелира рангирањето на пребарувачот. Сепак, веќе треба да ги знаете вашите клучни фрази, па затоа не боли да ги додадете во метаподатоците на клучните зборови. Ќе сакате да вклучите различни фрази. Како општо правило, обидете се да се задржите на околу 6-8 фрази, со тоа што секоја фраза да се состои од 1-4 зборови. Одличен пример би бил “степен на познавање на компјутерска наука”.

Anchor Text (Врски)

 

Anchor Text претставува текст на кој е поставен хиперлинк. На пример, страна А поставува линк до Вашата страна а текстот е Кликни тука или Име на ваш бизнис или пак Ваш клучен збор. Еве уште еден пример: Гохост. Текстот има линк до почетна страна на Гохост, а anchor text во овој случај е она што еден посетител го гледа – Гохост.

Секогаш користете описни врски со поврзување на клучни зборови – не само што ја подобрува оптимизацијата на пребарувачот, туку исто така додава вредност за вашите читатели, вклучувајќи ги и оние со попреченост или оние кои користат читачи на екран.

 

Користете алт-тагови

 

Секогаш опишувајте ги вашите слики и видео матерјали со користење алт-тагови или алтернативни описи на текст. Тие им овозможуваат на пребарувачите да ја лоцираат вашата страница, што е од клучно значење – особено за оние кои користат прелистувачи само со текст или читачи на екрани.

Ова се само неколку од многуте методи за подобрување на вашиот ранг на пребарувачот. Ако сакате да дознаете повеќе, ги препорачуваме следните ресурси:

  • blogs.mtu.edu/webmaster особен пост за оптимизација и употребливост
  • www.moz.com професионален блог и алатки за оптимизација

 

Друго